Здружението на граѓаните од македонското национално малцинство „МАКЕДОНИЈА„ основано е на 30.06.2007 година како нестраначко, невладино и непрофитно здружение на граѓаните во кое доброволно се здружуваат граѓаните на Република Србија а од македонско потекло се, или се изјаснуваат како Македонци а со цел да ги сочуваат традициите и обичајите на Матицата, да го сочуваат сопствениот идентитет, јазикот, фолклорот и културата.
Основната цел на Здружението е развивање и негување на духовните, културните и другите особености на македонското национално малцинство како и соработка со сличните здружениа во Република Србија.
Целта и задачите на Здружението се и развивање на пријателство и добресоседски односи меѓу граѓаните на Република Србија и Република Македонија.
По решението на Министерството за државна управа и локална самоуправа од 11.09.2007 година Здружението е заведено во Регистер.

 

 

Секоја сабота во 18.00 се собираме во просториите на месната заедница на Детелинара. Се дружиме, зборуваме македонски да и она што го знаеме не го заборавиме, ја слушаме нашата музика од плочи и цд дискови, играме македонски ора.

ТРАДИЦИОНАЛНО „МАКЕДОНСКО ВЕЧЕ„ СЕ ОДРЖА ПРЕД КРАЈ НА 2007.
погледни ги сликите,

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ  НА МЕЃУНАРОДНAТА ГОДИНА НА ЈАЗИЦИ погледни...

ПРОСЛАВА НА ОСМИОТ МАРТ, МЕЃУНАРОДНИОТ ПРАЗНИК НА ЖЕНИТЕ погледни ги сликите,


 
наши пријатели